Кога некој има среќа, тогаш навистина има. Австрлијанец од Мелбурн уплатил две лото ливчиња со исти броеви, а секое му донело по 23,3 милиони долари.

– Немам зборови. Не можам да верувам, рекол среќниот добиник, кој рекол дека тие исти броеви ги игра веќе 30 години.

Австралиецот уплатил едно ливче во Сент Олбанс во Мелбур, а потоа случајно заборавил па повторно уплатил уште едно со истите броеви на друго место.

– Играм секоја недела. Броевите кои ги запишав не ги бирав посебно. Меѓутоа, сега се многу посебни, истакнал тој.

Уште еден добитник освоил 23,3 милиони, но допрва треба да ја преземе својата добивка.

Доколку случајно уплател само едно ливче, вкупната награда би била поделена на две ливчиња, што би значело дека би добил „само“ 35 милиони. Ливчето уплатено по грешка му донело 11 милиони долари повеќе.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде