Во Белград како и секоја сабота, синоќа се одржа 35. протест „Еден од пет милиони“. Протест се одржа неколку дена откако почна дијалогот на Факултетот за политички науки меѓу претставниците на власта и опозицијата за изборните услови.

Претседателот на Движењето за пресврт и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Јанко Веселиновиќ, на протестот порача дека СзС ќе ги бојкотира изборите доколку не бидат слободни, истакнувајќи дека останат е само еден месец и половина за властите да ги исполнат барањата за изборите да се одржат во регуларни услови.

– Во Договор со народот што го потпишавме, се наведува дека нема да ги признаеме изборите, освен ако тие не бидат слободни, а воспоставувањето на таква власт ќе ја сметаме за државен удар, наведе Веселиновиќ на протестот, кој започна со минута молчење за жртвите од акцијата на хрватската армија пред 24 години наречена „Бура“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде