Сите имаат преголеми очекувања од нив, па имаат паничен страв од неуспех. Анализираат, анализираат, анализираат… до бескрај.

Да се биде паметен човек има многу предности, но не е секогаш лесно.

Интелигентните луѓе често имаат внатрешни битки и проблеми со кои не можат да излезат на крај.

Маките на интелигентните луѓе:

1. Под притисок се да постигнат успех во животот затоа што на училиште покажале завидни резултати и сега сите од нивната околина имаат преголеми очекувања од нив, па кај нив се јавува паничен страв од неуспех.

2. Имаат тешкотии во пронаоѓањето на пријатели затоа што бараат некој кој е на исто интелектуално ниво со нив, а тоа не се пронаоѓа лесно, па се осамени и изолирани.

3. Перфекционисти се, претерано ги анализираат работите и секогаш пронаоѓаат некој проблем. Поради тоа чувствуваат дека сè што прават не е доволно добро, па работат премногу и се несреќни.

4. Се парализираат од претерана анализа и тешко носат одлуки. Светот е комплексен, а нивната потрага по најдоброто можно решение не е така едноставна, па често завршуваат исфрустрирани.

5. Тешко им е да одржат љубовна врска затоа што премногу детално гледаат на работите, секогаш лоцираат некој проблем и поради тоа стануваат негативни. Понекогаш дури и веруваат дека има само еден правилен начин за да се направат работите, па тоа носи конфликти и им ги уништува врските.

6. Тешко им е да бидат среќни поради тоа што често сакаат „безбедно“ да го минуваат времето и да не влегуваат во нови авантури, а луѓето се социјални суштества и потребни им се релации со другите луѓе и нови активности за да им се поттикнат позитивни емоции.

7. Сите ги забележуваат грешките на интелигентните луѓе, дури и кога се најмали, и едвај чекаат да удрат со критики по нив, затоа што тоа им е ретка можност. Обично се чувствуваат на пониско ниво од нив, па ова им е шанса за одмазда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде