Најмалку осум ученици и еден вработен се убиени во пукање на југоистокот на Бразил кое го покренале тинејџери, соопшти полицијата.

Двајца вооружени и маскирани помлади мажи го извршиле нападот, соопшти бразилската полиција, додека медиумите објавија дека двајцата напаѓачи се убиени. Најмалку уште 10 лица се ранети.

Според полициските извештаи, напаѓачите се самоубиле после нападот. Мотивите за пукањто се уште не се знаат, но за напаѓачите локалните медиуми наведоа дека се поранешни ученици на ова училиште.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде