Анкетираните нагласиле дека сакаат и владите и социјални медиуми да се справат со тие активности, кои придонесуваат за растечката недоверба на интернет, како и негативно влијание врз економиите и политичкиот дискурс.

86 проценти од испитаниците велат дека „паднале“ на лажни вести барем еднаш, околу 44 отсто тврдат дека понекогаш или често пати, додека само 14 отсто тврдат дека никогаш не биле измамени од лажни вести. Фејсбук е најчесто цитиран извор на лажни вести – околу 77 отсто од корисниците велат дека ќе видат лажни вести таму, додека 62 отсто од корисниците – на Твитер.

САД предводат во ширење лажни вести, по што следат Русија и Кина, според годишното истражување на Ипсос на повеќе од 25.000 интернет корисници во 25 земји.

Лажните вести се најзастапени на Фејсбук, но исто така се појавуваат на ЈуТјуб, блогови и Твитер, се наведува во резултатите од анализата.

Резултатите од истражувањето покажаа дека луѓето во Египет се најмногу веруваат додека испитаниците во Пакистан се најскептипчни.

Резултатите, исто така, откриле широко распространета недоверба од социјалните медиуми и зголемената загриженост поради приватноста и пристрасноста на интернет поради алгоритмите што ги користат интернет компаниите.
Анкетата била спроведена помеѓу 21 декември 2018 и 10 февруари 2019 година во име на Центарот за меѓународна иновација за управување (CIGI).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде