Рускиот тајкин и долгогодичен сопственик на Челзи, Роман Абрамович донесе конечна одлука за лондонскиот клуб, тврдат британските медиуми.

Абрамович донел одлука да го продаде клубот кој го купи во 2003 година, а за сега се споменуваат три можни сценарија.

За купување на клубот освен најбогатиот Британец, Џим Ратклиф заинтересирани се уште групации од САД и Азија.

Абрамович последен пат на меч на „сините“ присуствуваше во мај минатата година. Тогаш се пресели во Тел Авив бидејќи не му беше одобрена британска виза.

„Постои огромен интерес за англиските клубови од страна на САД и Азија. Договорите за ТВ права се астрономски, а приходите на клубот се во постојан пораст“, изјави агенцијата за посредување при продажбата на клубови.

Инаку, Абрамович го проценува Челзи на 2,5 милиарди фунти и се верува дека нема да го продаде под таа сума.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде