Аријан Адеми уште еднаш покажа дека едноставно е неуништлив, откако на мечот против Истра 1961 имаше дислокација на рамото, кое докторот веднаш го намести, а нашиот репрезентативец продолжи да игра како ништо да не било, иако само неколку минути пред тоа лежеше и викаше поради големите болки.

Во моментите на немоќ на капитенот на Динамо Загреб сите едноставно се загрижија, бидејќи тој е еден од најважните играчи на хрватскиот гигант, а во претстојниот период следи и нокаут фазата во Лига Европа. Инаку Адеми истиот проблем го имаше и на натпреварот против Рудеш, во минатото коло, но тогаш за разлика од вчерашниот меч беше заменет од тренерот Бјелица.

Ќе биде се во ред со него, тој е едноставно неунишлив“ изјави по мечот тренерот на Динамо Загреб.

Загрепчани имаат огромна предност во рамките на ХНЛ, па сега може мирно да се подготвуваат за нокаут-фазата на Лига Европа и дуелот против Викторија Плзен

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде