Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет упати жестоки зборови кон фановите на Реал Мадрид кои го исвиркаа неговиот клиент на средбата против Барселона.

„Оваа генерација на фанови на Реал Мадрид ќе зборуваат за головите на Герет уште многу години. Тие треба да бидат засрамени поради тоа што го сторија. Герет ја заслужува целата почит. Начинот на кој фановите на Реал Мадрид го третираат е одвратен“- заклучи Барнет.Герет Бејл го налутил и раководството на Реал Мадрид затоа што предвреме си заминал од натпреварот со Барселона, а нешто слично направил и на средбата со Реал Сосиедад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде