Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по масовните пукања во Тексас, Охајо и Калифорнија.

Десетина демонстранти се собраа во Провиденс на Лонг Ајланд, носејќи транспаренти со натписи: „Разоружајте ја омразата“, „Доста“ и „Никому не му треба воено оружје дома“.

Сличен протест се одржа и во Балтимор. Демоснтрантите во Чарлстоун, во Западна Вирџинија, носеа транспаренти на кои повикаа да се промени Конгресот ако не се промени законот.

Демонстранти се собраа пред градското Собрание во Сан Франциско.

Американскиот Конгрес е на летен одмор, но лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел побара д претседателот на тој Дом да ги разгледа можните предлози на новиот закон за оружје, кој би се нашол пред пратениците кога во септември ќе се вратат од одмор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде