Легендата на Барселона, Ривалдо е сигурен дека Жозе Мурињо ќе се врати на клупата на Реал Мадрид ако и вечерва каталонскиот гигант слави во Ел Класико.

„Влогот на Сантијаго Солари сигурно е многу висок. Нормално е работата да стане сложена за него ако пак загуби. Ако Реал загуби од Барселона вторпат за три дена, тоа ќе биде крај за Солари. При такво сценарио, речиси сигурно на клупата на овој тим се враќа Мурињо“, смета Ривалдо.Името на Мурињо се спомнува веќе подолг период имајќи предвид дека тој е слободен откако во декември доби отказ од Манчестер Јунајтед. Но, самиот во неодамнешно интервју изјави дека не би сакал да работи во Шпанија бидејќи таму притисокот е многу голем, а освен навивачите, го прават и медиумите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде