Од Американската амбасата информираат дека постои зголемен ризик од терористички напади од ИСИС во Северна Македонија. ИСИС има намера да ги напаѓаа граѓаните, вклучувајќи ги и американските граѓани кои патуваат во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи.

„Постои висок ризик на терористички напади инспирирани од екстремистички идеологии во Северна Македонија. Терористичките напади и другите безбедносни инциденти често се случуваат без никакво предупредување, а граѓаните на САД се охрабруваат да одржуваат високо ниво на будност. Екстремистите повеќе се стремат кон идентификување и напаѓање на “меки цели”, како што се: трговски центри и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, места за богослужба, училишта, паркови и јавни настани од висок профил (спортски натпревари, политички митинзи, демонстрации , празници, славенички собири итн.).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде