Почитуван Директор на Клиничка болница Штип Ален Ѓеоргиев и ти за век и векова директоре на ветеринарна станица Штип Крсто Митев – Крле, немојте да очекувате дека секој ден ќе ве тапкаме по рамо и ќе Ве фалиме дека Вие сте незаменливи, најуспешни и сл. Оставете го девојчето и сите љубители на животните во нашата Република Северна Македонија да се ИСКАЖАТ, немојте да се однесувате рекетарски со уцени и закани со некакви си тужби за навреда и углед, бидејќи од углед имате очигледно само ДВОГЛЕД на си ја гледате фамилијата распослана на директорски места. Ја објавивме Вистината за Штипскиот стационар, не е ниту партиска препуковка ниту пак имаме нешто против Вас. За тоа време додека баравте да најдете број од Докузова можевте да однесете и вода и да подсредевте па и да зачистевте, наместо на девојќа која ја кажала ЈАВНО да им претите со закани и тужби за нарушен углед.

И да не навлегуваме понатаму, крај краева ОДРОДЕТЕ СЕ не бидете братучеди, сватови, снаи и зетовци за да нема и пишување за ФАМИЛИЈАРЕН шоу портрет.

Закононот Важи за сите па и за Вас, Македонија нели треба да чекори напред како што доликува на секој нормален граѓанин во нашата држава, а СЛОБОДАТА на ГОВОР никој не смее да ја попречува.

Ова нека Ви е само еден поздрав од Нас и некојте да глумите уредници на вести и содржини од личен став.

Поздрав Редакциски колегиум Прес Центар Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде