Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски принудно го заврши натпреварот од Чампионшип дивизијата меѓу Брентфорд и Лидс Јунајтед. Тој падна на непријатен начин во 11.минута и побара да биде заменет, а веднаш неговото колено беше обвиткано со мраз.

Лидс Јунајтед на полувреме има негатива од 1-0 на гости против Брентфорд, а овој меч е од клучно значење за тимот на Алиоски. Лидс Јунајтед во моментот се наопѓа на третата позиција на табелата и има три бода помалку од второпласираниот Шефилд Јунајтед и потребен му е триумф, во пресрет на последните две кола од шампионатот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде