Сопругата на пратеникот Зекир Рамчиловиќ веќе еден месец работи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница/ Работното место на Мерсида Рамчиловиќ е релативно висока позиција во писарницата според систематизацијата на МВР.Пратеникот имаше алиби, неможел да одговори оти бил во Унгарија. Пратеникот Рамчиловиќ е дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Според нашите информации, во СВР Скопје секојдневно на работа се појавувале нововработени, а најмногу лица, односно над 20 нововработени, дошле вчера. Изминатиов период во МВР имало и низа унапредувања, па, така, келнерот на екстехничкиот министер Агим Нухиу сега работи како советник во СВР Скопје.

Претходно, вработени беа и членови на семејствата на пратениците Мира Стојчевска, Емилија Александрова и Горан Мисовски во државни институции. Во јавноста се коментира дека вработувањата доаѓаат како награда за гласањето за уставните измени.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде