Амбасадорот на Велика Британија во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј денеска беше во официјална посета на Штип каде имаше средба со штипскиот градоначалник, Благој Бочварски, при што ја посети и спомен собата на првиот претседател, Киро Глигоров, која се наоѓа во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров”. 

Едни од проектите кои би ги споменала во областа на образованието е работа со градинките во поглед на инклузијата и подобрување на  условите за наставата со децата, и другата програма е со основните училишта да и овозможиме на учениците да имаат подобри дигитални вештини, односно подобро да бидат подготвени за новите економски предизвици, вели  Галовеј.

Градоначалникот на Општина Штип, Бочварски забележа дека разговарале и за заедничка соработка во повеќе сфери, а од голема помош на нашата држава ќе бидат и реформите коишто треба да се спроведат.

На нас ни треба поддршка во делот на правосудството кога ќе се отоворат преговорите со Европската унија, во образовниот процес и делот на економијата, и се надеваме дека со нивна поддршка ќе ги постигнеме поскауваните вредности како што е Британија и другите европски земји, рече Бочварски.

Амбасадорката на Велика Британија, Галовеј денеска одржа и предавање на студентите од Правниот факултет, каде што им ги презентираше искуствата од нејзиниот анажаман во САД, Белгија, Авганистан и сега во Македонија. Оствари и средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип, Блажо Боев,

Досегашната соработка што ја имаме  со Британската амбасада е голема основа за понатамошна соработка во сите сфери на едукацијата, во истражување и размена на професорите со универзитетите во Англија. Оние проекти кои постојат и денеска во поглед на изучување на јазик и културата меѓу двата народа е важна придобивка со понатамошна соработка, вели Боев.

Денешната посета беше прва официјална посета на британската амбасадорка која беше искористена и за поблиску запознавање на еконосмките, образовни, но и културни можности и капацитети на Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде