Се повеќе Британци сакаат да поседуваат германско државјанство со приближувањето на Брегзитот. Над 500 молби биле поднесени само во 2017 година, што претставува огромен раст во споредба со претходните години.

Процесот на напуштање на Велика Британија се очекува да започне во март 2019 година. Според Холгер Лерхоф, од германскиот Завод за статистика, растот на подадени молби, од 45 во 2015 година, па се до 588 во 2017 година е сигнал дека Британците не веруваат во успешно раководење на своите политичари со процесот.

Додека премиерката Тереза Меј патува по европските престолнини за да го осигури договорот, се повеќе Британци ја минуваат процедурата за натурализација во Германија. Бројот на издадени ирски пасоши исто така достигна нов рекорд, а најголемиот број апликации пристигнале токму од Северна Ирска и Обединетото Кралство.

Северна Ирска ќе ја напушти Европската Унија заедно со останатиот дел од Велика Британија во март 2019 година, а Ирска останува дел од Унијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде