Фолклорниот ансамбл Тоска -Штип денеска замина на два меѓународни Фестивали кои се одржуваат во Италија.Првиот е во терминот од 12 до 17-ти јули и се одржува во Каљари под името “Sciampitta”.

Вториот фестивал на кој ќе настапат играорците пејачката група и оркестарот на Ансамблот Тоска е во Итири –Сардинија.Тоска има богата традиција во негувањето на македонскиот фолклор, како продолжувач на традициите на некогашното КУД “ВАнчо Прке“.Досега Тоска има настапувано на меѓународни фолклорни ансамбли во Англија, Белгија, Франција, Финска, Полска,Португалија,Холандија.Тоска е единствениот ансамбл од Македонија од таков формат кој настапуваше на фолклорен фестивал во Кина.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде