Германскиот првак Баерн Минхен во летниот преоден рок треба да доведе замена за Франк Рибери и за Арјен Робен, ветераните кои ќе си заминат од „Алијанц арена“. Прв пик на баварскиот клуб е Марко Асенсио, кој оваа сезона има помала минутажа во составот на Реал Мадрид.

Баерн Минхен за шпанскиот репрезентативец е подготвен да плати 120 милиони евра. 23-годишниот Асенсио е голема желба на тренерот Нико Ковач, затоа што може да одговори на неколку позиции во тимот, и како офанзивен фудбалер за врска, но и како крилен играч.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде