Непознат човек се обидел да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос при одбележувањето на свеченоста  „Денот на независноста“ на Грција, во моментите кога положи венец пред Споменикот на непознатиот војник, по шпто следуваше инцидентот.

Полицијата веднаш реагираше и го уапси напаѓачот.

За да се спречат инциденти грчки медиуми јавија дека 1.600 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во Атина, а полицијата  ќе има засилено присуство и во Солун, Пела, Катерини, Верија, Едеса и јаница.

Причина за загриженост се вчерашните екстремни слогани кои биле извикувани пред ученичката парада како и лутите реакции на грчките иселенеци во Мелбурн Австралија  кои вчера го избркаа потпретседателот на грчкиот парламент Јоргос Веременос од манифестацијата во пресрет на 25 март, протестирајќипоради Преспанскиот договор.

Реакциите покажуваат дека оние кои верувале дека гневот од постигнатиот компромис и Преспанскиот договор ќе се намалува со текот на времето, не биле во право, пишува „Ефимирида“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде