Во центарот на грчката престолнина Атина, ќе се подигне споменик на Александар Велики, пишува „Катимерини“. Во ек се подготовките за подигнување на споменикот, кој ќе биде висок 3.5 метри.

Овој споменик ќе биде дело на еден од најпознатите грчки скулптори Јанис Папас. Одлуката беше донесена на општинскиот совет на Атина.

Досега споменик на Александар Велики во Грција имаше само во Солун. Ова беше дамнешна идеја на градот Атина, која наскоро ќе биде реализирана.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде