Најдобрата македонска атлетичарка Адријана Поп Арсова постави нов државен рекорд во полумаратон, кој е за 4 минути и 34 секунди подобар од стариот. Поп Арсова истрча 21 км за 1 час и 20 минути, што е најдобар резултат на сите времиња, а рекордот го постави на вчерашното 14. издание на атлетската манифестација „Трчаме кон целта“.

Таа го држеше и претходниот рекорд од 1:24.34 часа, поставен на маратонот во Подгорица во 2017.

Поп Арсова е членка на атлетскиот клуб Делта, а нејзиниот тренер Игор Јакимовски вели дека ова е еден од најдобрите резултати во регионот.

Во машка конкуренција на полумаратонот победи Атанас Анчевски со време од 1:12:58 часа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде