Атлетиката е спорт кој бара феноменална физичка подготвеност и кој го доведува човековото тело до самите граници, а тоа особено станува збор за подолгите дисциплини во кои натпреварувачите минуваат многу километри.

Спринтерските способности на атлетичарите често предизвикуваат воодушевување кај фановите ширум светот, но изминатава вечер ни пристигна една навистина непријатна сцена од Њујорк, а истата ни дојде од трката во 3.000 метри. За време на митингот кој се одржува во Њујорк, „Милроус гејмс“, јамајканскиот атлетичар Кемој Кемпбел им ја заледи крвата на присутните фанови на трибините, а причина за тоа беше фактот што се струполи на земјата по петтиот круг.

Јамајканецот паднал во бессознание и со електро-шок бил вратен при свест, а потоа со амбулантно возило бил пренесен во болница од каде засега пристинуваат информации дека се наоѓа во стабилна состојба. Првичните извештаи велат дека Кембпел паднал во несвест поради проблеми со дишењето, а деталните прегледи сигурно ќе откријат дали станува збор за некој посериозен проблем.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде