epa07384099 Atletico de Madrid's head coach Diego Simeone reacts during the UEFA Champions League round of 16 first leg match between Atletico de Madrid and Juventus at Wanda Metropolitano stadium in Madrid, Spain, 20 February 2019. EPA-EFE/JuanJo Martin

Атлетико Мадрид во наредните денови ќе го ангажира Родриго Морено од Валенсија, кој ќе претставува големо засилување за нападот на шпанскиот гигант.

Валенсија ќе добие 60 милиони евра за Родриго, откако Диего Симеоне не успеа да го ангажира Хамес Родригез, па реши да се насочи кон одличниот напаѓач.

Родриго во 2015 година стигна од Бенфика во Валенсија за 30 милиони евра, а притоа одигра 186 натпревари и постигна 52 гола за неговата екипа.

Неговото пристигнување е во вистинско време за Атлетико, зашто тие не може да сметаат на Диего Коста, кој претходно се повреди на мечот против Јувентус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде