Министерката за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и комесарите Јоханес Хан и Виолета Булц ќе учествуваат на самитот на Западен Балкан, кој денес и утре се одржува во Познан, Полска, објави Европската комисија.

„Целта на делегацијата на ЕУ е да ги зајакне врските како внатре во регионот, така и на регионот со ЕУ”, вели Комисијата.

Могерини и комесарот за пристапни преговори Јоханес Хан ќе присуствуваат на состанокот на лидерите кој ќе се одржи утре во рамки на самитот во Познан.

Од Европската комисија потсетуваат дека Самитот на Западен Балкан во Познан од 2019 година се одржува во рамките на Берлинскиот процес и дека учествуваат лидери и министри од земјите членки, како и од шесте западнобалкански партнери.

„Самитот има за цел да се фокусира на регионалната соработка и добрососедските односи, младите, безбедноста и владеењето на правото, а посебно внимание ќе се посвети на борбата против корупцијата”, се вели во соопштението на Европската комисија.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде