Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша попладнево одржа средба со членовите на партиското претседателство и други опозициски структури во функција, во врска со, како што го нарече, „најмасовниот национален протест” закажан за 13 април.

Тој на сребата истакнал дека за овој протест потребна е посебна организација за да има многу поголема масовност од претходните.

Според Баша, и по откажувањето од пратеничките мандати опозицијата е во мнозинство.

– Целата ситуција е во наша корист. Ние „де факто” сме мнозинство. По откажувањето од пратеничките мандати, Демократската партија бележи раст на доверба и меѓу неопределените. Ние сме апсолутно мнозинство на секоја домашна и странска независна анкета (сондажа).Треба што побрзо оваа поддршка да ја претвориме во гласот на Албанците. Заради тоа, масовното учество на протестот има исклучително значење. Нашето барање останува непроменето. Заминување на Еди Рама и формирање преодна влада, изјави Баша по средбата.

Обединетата албанска опозиција од февруари има одржано осум протести. Од нив шест пред Парламентот, додека два пред Влада, национални, како што ги нарекува Баша. Тој очекува протестот на 13 април да биде најмасовен досега.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде