Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ги негираше тврдењата на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој како обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“ вчера во судница рече дека бил предмет на прислушување.„Обвинетиот Мијалков не бил таргет во прислушувањето, но биле други блиски до него фамилијарно. А тоа кој прислушувал има докази дека прислушувањето се случувало додека тој бил директор на УБК и по негова наредба. Има докази за тоа во предметот на СЈО и апелирам до јавноста будно да го следи овој предмет“, рече Јанева на денешната конференција во организација на ОБСЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде