Фудбалерот на Рома кој во моментов настапува како позајмен во Сампдорија, Грегоир Дефрел предизвикал сообраќајна несреќа бегајќи од полицијата.

27 годишниот Французин во видно алкохолизирана состојба бегал од полицијата но предизвикал сообраќајна несреќа во која за среќа немало повредени.

Тестовите покажале дека во крвта на Дефрел било пронајдено големо количество алкохол и неговата возачка дозвола веднаш била одземена.

Се очекува фудбалерот да добие казна и од неговиот актуелен клуб Сампдорија од каде засега не го коментираат овој настан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде