Американскиот амбасадор, Џес Бејли си заминува од земјава. Тој со Твитер налог се заблагодари пишувајќи: „Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“.

Џес Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014. Во земјава тој пристигна од Анкара каде беше вршител на должноста амбасадор.

На негово место во земјава треба да пристигне Мери Кејти Бирнс, која досега беше во амбасадата на САД во Атина на функцијата заменик-амбасадор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде