Реал Мадрид со 2-1 ја доби пресметката со Еибар на Бернабеу, домаќините со двата гола на Карим Бензема направија пресврт во вториот дел откако гостите водеа на полувреме.

Карим Бензема повторно го спаси Реал од срам. Французнот минатиот викенд не дозволи Уеска да си замине со бод од Бернабеу, а и попладнево се погрижи трите бода да останат во Мадрид.

Еибар беше подобар противник во првиот дел, и гостите на пауза заминаа со 0-1 по една одлична акција во која одбраната на „кралевите“ наивно испадна а Кардона ја префрли топката преку Навас за 0-1.

Сепак, Реал во продолжението на крилјата на Бензема направи пресврт. Французнот по еден час игра погоди со глава на додавање на Асенсио, а потоа во 81. минута одново највиско скокна и донесе 2-1.

До крајот на мечот тој имаше шанса за хет-трик но наместо да се прослави, се обрука со големо промашување, а потоа ја погоди и стативата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде