Иако беше тренер на Реал Мадрид во два наврати, италијанскиот тренерски генијалец Фабио Капело не делува премногу загрижено од дебаклот кој ги снајде „кралевите“ во вторникот. Напротив, Капело смета дека би било идеално двата клуба од Мадрид да испаднат од Лигата на шампионите пред финалето на „Ванда Метрополитано“ на 1 јуни.„Би било убаво сезонава мадридските клубови да отпаднат порано, и да не играат финале во нивниот град“, кратко изјави Капело за „Скај спортс“, каде што работи како стручен консултант.

Поранешниот тренер на Јувентус, Милан, Реал Мадрид смета дека „старата дама“ не е без шанси на возвратниот дуел против Атлетико Мадрид и покрај предноста од 2-0 на избраниците на Диего Симеоне.

Натпреварот меѓу италијанскиот првак и „јорганџиите“ се игра во вторник од 21:00 на „Јувентус Алијанц Арена“.

Последен пат кога Мадрид беше домаќин на финалниот натпревар, во 2011 година, Пандев и Интер на „Сантијаго Бернабуе“ го совладаа Баерн Минхен со 2-0.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде