Судија од Основниот суд Скопје 1 Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство им определил мерка 30 дена притвор на Михаил Цветков и Кристијан Делев, додека на Ацо Спасеновски куќен притвор, поради здравствени причини.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за 4 лица, судија на претходна постапка при одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор.

Во однос на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на Р.М. и  истиот се повикува на пратенички имунитет ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во судот, откако ќе се создадат услови за тоа – пишува во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

– Се сомничат дека во времето додека биле министри и заменик минситер склучувале договори за давање земјоделско земјиште под закуп, закупците не го плаќале закупот, а тие не преземале мерки за раскинување на договорите. Треба на јавноста да и кажеме дека единствен овластен за потпишување на договор за закуп и за раскинување на договор за закуп според Законот е министерот, изјави обвинтелката Вилма Рускоска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде