Извршители ја блокираа сметката на Македонската опера и балет поради долг од 700.000 евра. Овој долг потекнува од 2015 година и изнесува 800.000 евра, но досега институцијата успеала да врати 100.000 евра. Според директорот Васе Ристов, истекол рокот од три години кога е направен овој долг и сега доверителите бараат наплата.

„Институцијата веќе формира интерна ревизија на финансиската ситуација за да се утврди како се настанати долговите. Според нивната анализа ќе треба да постапуваат надлежните институции. Во меѓувреме, ние ќе мора да се справиме со оваа ситуација и да ги враќаме долговите, изјави директорот на МОБ

Од 2015 година до 2017 со МОБ раководеше Игор Дурловски, кој поднесе оставка од местото директор по настаните од крвавиот четврток. Тој е еден од 33 обвинети за овој случај. Дурловски не побара да биде амнестиран, а пресудата ќе биде објавена на 16 март.

На  штипскиот Центар за култура “Ацо Шопов“во чии рамки работи Народниот театар, на врат му газат извршители за 50.000 евра неплатени долгови, кој кафеани, режисери, сценографи, костимографи,и други графи за пари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде