Премиерата на биографскиот филм за Фреди Меркјури „Боемска рапсодија“ во Кина, многу гледачи оставила збунети, бидејќи многу делови од филмот немале смисла, поради цензурирањето на сцените во кои се споменува сексуалната ориентација на пејачот од групата „Queen“, како и дијагнозата СИДА, пренесува АВС.

За тоа колку филмот е цензуриран, зборува податокот дека четири минути од материјалот, вклучувајќи ги интимните сцени на Меркјури од личните односи и оние со референци на употреба на дрога, се исфрлени од двочасовното остварување.

Кинезите пред кино премиерата веќе го гледале филмот и за АВС рекле дека некои од клучните сцени се потполно исфрлени.

На пример, сцената во која Фреди ѝ открива на својата девојка Мари Остин дека е бисексуалец, што резултира со нивно раскинување, целосно е исфрлена, оставајќи ги гледачите збунети зошто всушност тие двајца раскинале.

Сите имплицитни и експлицитни споменувања на хомосексуалноста и сексуалноста на пејачот целосно се отстранети, а дури е исечен и кадарот кога Меркјури го става микрофотнот близу до препоните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде