Од Министерството за внатрешни работи велат дека нема селективност во постапувањата откако јавноста реагираше на казната што и била изречена на универзитетската професорка, Мирјана Најчевска, за фрлање боја кон државната институција при протестите на Шарената револуција.

Од МВР велат дека има прекршочни постапки и против функционери од власта. Против пратеникот од власта, Павле Богоевски, има 41 постапка, а против премиерот, Зоран Заев, една, која е веќе платена.

„Овие постапки се почнати од страна на претходната гарнитура на МВР односно во периодот додека траеше Шарената револуција. Поднесени се вкупно 184 барања за поведување на прекршочна постапка и 5 Записници за констатиран прекршок и тоа по чл.6, 12, 14, 15 и чл.27 од ЗППЈРМ, чл.15 од Законот за лични карти и чл.17 од Законот за јавна чистота, против 39 лица.
Прекршочни постапки за сторен прекршок по член 27 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир поднесени се против актуелни функционери. Една против актуелниот премиер Зоран Заев и таа е веќе платена. Против пратеникот Павле Богоевски има 41 постапки“, соопштија од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде