На 1-ви јуни годинава во „Медисон Сквер Гарден“ треба да се гледа бокс меч за паметење., барем така најавуваат.

Шампионот во тешка категорија, Ентони Џошуа закажа нова борба!

Џошуа ќе боксува во САД на 1-ви јуни против Џарел Милер. Спектаклот ќе се одржи во легендарната арена „Медисон Сквер Гарден“ и ќе го носи епитетот борба за БВА, БВО И ИБФ појас.

Ова за Џошуа можеби е малку ризичен потег, бидејќи оди на теренот на Американецот кој не доживеал пораз во кариерата (од 23 борби има 22 победи и едно реми, 20 победи добил со нокаут).

арел Милер во овој момент е четврти на ВБА листата.

За Џошуа ова ќе биде четврто бранење на титулата. После нокаутирањето на Владимир Кличко во 2017 година, следуваа победи против Карлос Тејкам, Џозеф Паркер и Александар Поветкин каде што ја потврдуваше доминацијата.

Сепак, против Милер за кого експертите велат дека боксува слично како Мајк Тајсон на Џошуа нема да му биде лесно.

Од друга страна Џошуа на овој начин сака да го одржи и уште еднаш да го потврди статусот најсилен човек на земјата и не сака неговиот авторитет да се доведува во прашање. Во досегашната кариера Џошуа има 22 борби, а на 21 од нив славеше со нокаут.

Во продолжение може да ги погледнете најдобрите нокаути на Џошуа и Милер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде