Актерот Мајкл Даглас излезе на вечера во ресторан во Холивуд, но она што го забележаа сите е дека актерот изгледа многу лошо.

Претходно овој месец, 74-годишниот актер изјави дека станува сè посвесен за своите години и дека му се ближи крајот. Исто така кажа дека му се смениле приоритетите откако преживеа рак на грлото во четврти стадиум.

Даглас сè уште е во среќен брак со актерката Кетрин-Зита Џонс. Тој е 25 години постар од неа, но нивната љубов е толку силна што во брак се веќе 20 години, и заедно успеаја да го надминат неговиот рак и нејзиното биполарно нарушување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде