Mладиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин се најде во центарот на вниманието после вчерашниот натпревар против Каљари кој „старата дама“ го доби со 0:2.

Јувентус како гостин славеше победа од 2:0, а еден од головите го постигна и Кин. Но, пред тоа тој и Блез Матуиди беа мета на расистички навреди од трибините.Откако Кин го постигна голот застана пред навивачите на Каљари и на тој начин им одговори на нивните навреди. Голема прашина се крена кога после натпреварот се огласи Леонардо Бонучи кој место да го брани својот соиграч го нападна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде