Господин Сулејман Реџепи воопшто не личи на верник, кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет.

Тој многу повеќе личи на плиток и недоделкан човек, исполнет со огромни предрасуди за поразличниот од себе, па затоа, речиси во сите негови изјави и јавни настапи, го засрамува секој чесен и искрен муслиман во нашата татковина Македонија.

Господин Реџепи е гласноговорник и подбуцнувач на национална и верска нетрпеливост и во исто време е предан заштитник на погубниот тероризам и насилството. Тој е типичен претставник на неморалноста, летаргијата, контрадикторноста и лудилото, кои со години однатре го нагризуваат и разнебитуваат нашево општество и ја шират одвратната реа на пеколната запустеност.

Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет. Затоа, ставовите на овој залутан човек во верата се семе на раздорите, кое едвај чека да биде полеано од „дивите“ по душа, од кое, пак, подоцна, неминовно и неконтролирано ќе никне разгранетото дрво на омразата, која бездруго е опасна за животот.

Изјавата на г. Сулејман Реџепи не ги повредува чувствата само на христијаните, туку и на муслиманите, бидејќи огромен дел од ИВЗ се токму Македонците муслимани. И тие ли диви и без идентитет?

Владиката Агатангел ја коментираше изјавата на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи  дека Македонците се диво племе.Низ примерот токму со Агатангел, кога колнеше, фрлаше анатеми врз Македонци, кои не мислат како Агатангел, Владиката Агатангел потврди дек Реџепи е во право.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде