Новинарот Бранко Геровски најави дека вечерва во 20 часот на порталот „Плусинфо“ ќе објави ексклузивни детаљи за тоа како се поврзани Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец. „Дали популарниот обвинителот е мозокот на операцијата? Дали станува збор за еден или за двајца обвинители? Дали станува збор само за рекет, или и за злосторничко здружение? Што уште треба да покаже и докаже обвинителката Вилма Русковска?“, пишува Геровски, најавувајќи дека одговори ќе даде во нова колумна. Инаку, Геровски изминатите месеци пишуваше за ректерска банда, каде преку севдоними објаснуваше како моќници рекетирале бизнисмени. Во интервју на 1ТВ, Бојан Јовановски познат како Боки 13 призна дека тој е „Коки“ за кој пишува Геровски, но негираше дека рекетирал.

Бранко Геровски

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде