Поранешниот фронтмен на групата „Полис“, Стинг изјави денеска дека не треба да дојде до Брегзит и тоа ќе биде катастрофа за Велика Британија.– Се надевам дека нема да дојде до Брегзит, истакна Стинг, додавајќи оти не слушнал ниту една логична причина зошто излезот од Унијата е добра идеја, додека напротив има многу причини за останување во составот на ЕУ.

– Пред два дена потпишав петиција Парламентот да ја повлече одлуката или макар да дебатира за тоа, изјави музичарот, нагласувајќи дека тој е патриот и сака Британија да биде дел од ЕУ.

Петицијата која ја одби британската Влада ја потпишаа околу 5,8 милиони луѓе, известувајќи ја Унијата дека сакаат да останат во неа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде