Англискиот клуб Лестер вечерва потврди дека нов менаџер ќе биде Брендан Роџерс, северноирскиот стручњак кој досега го водеше Селтик во шкотскиот шампионат.

Поранешниот менаџер на Ливерпул ќе го наследи Клод Пуел кој по 16 месеци на функцијата, беше отпуштен по слабата серија резултати во Премиер лигата. Роџерс за малку ќе ја освоеше титулата со Ливерпул во сезоната 2013/14, а откако се пресели во Шкотска ги освои сите седум можни трофеи со Селтик.

Неговиот последен клуб веднаш реагираше за да го пополни испразнетото место, па позицијата на Роџерс ќе му припадне на Нил Ленон кој веќе беше менаџер на шкотскиот великан, а последно го водеше Хибернијан. Роџерс вечерва од трибините го следи натпреварот против Брајтон, а ќе дебитира на клупата веќе претстојниот викенд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде