Новите британски пасоши се издаваат без зборовите „Европска Унија“ на предната корица.

Мислењата се поделени. Изгледот на британските пасоши по брегзитот претставува повик за протест за определена група на луѓе, откако британската влада во 2017 година ја смени бојата на пасошите од бордо во темносина.

Министерството за внатрешни работи на Велика Британија соопшти дека за доброто на „даночните обврзници, уште краток период ќе се издаваат пасоши со зборовите ‘Европска Унија’“, вели Еуроњуз.

Се очекуваше Велика Британија да ја напушти ЕУ на 29 март. Оттогаш премиерката Тереза Меј побара две одложувања. Едното го доби, а второто е последново барање за одложување на активирањето на членот 50 до 30 јуни.

Во моментов е закажано Велика Британија да замине на 12 април.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде