Наместо Гордана Јанкулоска, бугарски „24 часа“, ја погреши сликата на екс министерката за внатрешни, и место неа во веста за намалување на казната ставија слика од кандидатката за претседател на ВМРО -ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Невниманието на новинарите, може да донесе и сероизни поседици. Овојпат бугарските колеги направија грешка, а колку последиците се од сериозен размер проценете сами!

„24часа.бг“ ја објави веста за намалувањето на казната на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од 6 на 4 години, но бугарските колеги најверојатно „изгуглале слика” под наслов Гордана и како прв предлог фотографија излегла Гордана Силјановска.

Инаку, Апелациониот суд Скопје денеска донесе одлука да ѝ се намали затворската казна на поранената министерка за внатрени работи Гордана Јанкулоска, од 6 на 4 години за случајот „Тенк“ за незаконската набавка на „мерцедесот“ од страна на МВР.

Во останатиот дел, Апелација ја потврди првостепената пресуда.Осудената Јанкулоска ја штити Законот за извршување на санкции и таа, бидејќи има бебе под една година, не може да оди веднаш на отслужување на затворската казна.

Таа беше осудена на 6 години затвор од Основниот суд Скопје 1 на 8 октомври минатата година. Во предметот на СЈО „Тенк“ за неа се водеше издвоена постапката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде