Зузана Чапутова победа на претседателските избори во Словачка и со тоа стана првата жена претседател на оваа земја.

Чапутова е либерал, а својата кампања ја градеше на борбата против корумпираните политичари. Не се срамеше да одговори на табу темите, па така се заложи дека ќе ги легализира истополовите бракови, што е храбар потег во Словачка.

Рекла дека главна тема треба да биде заштитата на животната средина. Таа учествуваше во протестите после убиството на новинарот Јана Куциак, со што почна сериозна политичка криза во земјата. Незадоволството на граѓаните во голема мера влијаеше на победата на Чапутова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде