Како изгледа средниот ред на Челзи без Н’Голо Канте најдобро видовме против Манчестер Јунајтед во неделата. Со Баркли,
Жоргињо и Ковачиќ, виталниот дел од тимот нема физика и конзистентност, а како резултат на тоа брзоногите напаѓачи на Манчестер Јунајтед прелесно стигнуваа во опасната зона.

Французинот, кој уште од Лестер не навикна на својот темперамент и капацитет на трчање, иако не е максимално подготвен, утре ќе почне од првата минута и со тоа ќе даде сигурност на целата структура на тимот.

Според многумина Канте е поважен елемент дури и од Еден Азар, кој летово си замина и му пристапи на Реал Мадрид. Ако биде способен да го оневозможи пеколниот ритам на Ливерпул, карактеристика која е нивни адут со Клоп на клупата, Челзи ќе има големи шанси за титула.

Натпреварот се игра утревечер од 20:00 часот на стадионот на Бешикташ, а сите билети се распродадени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде