Четириесет и деветгодишниот Киро Стојов од Кочани е едноставен и добродушен човек, кого неговите сограѓани долги години го знаеја како момчето со велосипед кое разнесува весници. Тој го доби општинското признание за хуманост за 2018 година, па јавноста ја дозна и приказната за неговото широко срце, што дотогаш им беше позната на потесен круг негови познаници и пријатели.

Давањето орган за пресадување од жив донатор е редок случај, не само за македонски услови, туку и за поширокиот балкански простор. Токму Стојов е меѓу неколкуте благородни луѓе кај нас, чиј случај за доброволно донирање дел од црниот дроб за лице со кое не е во роднински врски, го сврте вниманието на кочанската јавност, која без дилеми даде поддршка на предлогот тој да ја добие наградата за најхумана личност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде