Шокантна снимка порталот Индекс.хр објави, а станува збор за автобус на компанијата „Кроација бус“.

На снимките и фотографиите се гледаат патници кои седат на под, додека кондуктерот им наплатува карти. Фотографиите настанале на линијата Мостар Загреб, а читателот кој го испратил ова виде напишал дека во преполн автобус влегле додатни 7 патници, кои немале место за седење.

Морале да стојат или да седат на подот, бидејќи биле продадени повеќе карти од местата во автобусот.

Во јуни минатата година кај Задар се запали еден автобус од оваа компанија. Во декември два автобус од оваа компанија се запалија среде возење на автопат, а патниците стоеле на студеното време чекајќи автобус за замена, кој стигнал после неколку часа.

Во октомври 2017 година нивни автобус се запалил во Германија, на пат од Хамбург кон Сплит.

Патниците многупати се жалеле и на непристојноста на возачите на овие автобуси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде