Досега многу истражувања ги наведуваат здравствените ризици кои можат да се појават поради поврзаноста на седечкиот начин на живот и бројот на часови минати пред екранот. Предупредувањата за прекумерно гледање телевизија се стари колку и самата телевизија, но колку навистина е тоа штетно?

Младите возрасни личности кои гледаат телевизија три или повеќе часа дневно и кои слабо вежбаат имаат поголем ризик за когнитивни проблеми во средните години, вели истражување објавено во JAMA Psychiatry.

Оваа количина на време минато пред телевизор би можело да го удвои ризикот од рана смрт во однос на гледањето ТВ еден час или помалку од еден час, вели истражување објавено во Journal of American Heart Association.

Според друга студија, објавена во списанието Circulation, луѓето кои гледаат ТВ пет или повеќе часа дневно имаат зголемен ризик да починат од белодробна емболија во споредба со оние кои минуваат пократко време.

Се претпоставува дека главната причина за сите овие проблеми е прекумерното седење и намалената физичка активност. Кое е решението?

Времето минато во гледање телевизија намалете го на час до два часа и вежбајте лесни вежби секој ден. Според истражување објавено во The Lancet, тоа нема целосно да ги елиминира ризиците, но може да ги ублажи.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде