Четириесетгодишен жител на струшкото село Франгово ја заклучил сопругата во соба и не ја пуштил три дена да излезе.

Против него е покрената кривична пријава поради противправно лишување од слобода.

Како што информира МВР, на 10.01.2019 година, во домот на пријавениот, по претходна вербална расправија, тој ја истепал сопругата, по што таа се обидела да избега. Потоа пријавениот ја заклучил во соба и не ја пуштил три дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде