Ако Маурицио Сари и официјално замине на кормилото на Јувентус, дали е можно и трето враќање на Жозе Мурињо на кормилото на Челзи? Оваа неверојатна дилема почна да се развива во англиските медиуми откако се уште не е јасно кој е најголемиот кандидат за заменик на Сари на кормилото на лондонските „сини“.

56-годишниот Мурињо и натаму е без работа, но најави дека од јули сака да му се врати на фудбалот. Тој веќе има искуство како тренер на „сините“ во периодите од 2004-2007 и 2013-2015, па нема да не зачуди доколку и третпат Абрамович го донесе на „Стемфорд Бриџ“.

Англичаните шпекулираат дека Мурињо заедно со Алегри се најголемите претенденти за кормилото на Челзи, а одлуката ќе биде донесена наскоро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде